• A-
  • A
  • A+
вторник, 24 април 2018, 

Миа Крстевска освои злато и го урна државниот рекорд на 200 метри грбно

Миа Крстевска освои злато и го урна државниот рекорд на 200 метри грбно

Белград, 16 април (МИА) - Младите македонски пливачи Миа Крстевска и Иван Симоновски освоија златни медали на традиционалниот пливачки митинг „11 април“ во Белград.

Крстевска победи на трката на 200 метри грбно со време од 2 минути, 21 секунда и 32 стотинки со што постави нов државен рекорд. Со овој успех пливачката исполни норма за настап на Европското младинско првенство и Младинската олимпијада оваа година.

Во дисциплината 100 метри пеперутка Симоновски го освои златниот медал со време од 57,66  секунди.

Поради овие резултати Македонија за прв пат по 21 година ќе има тројца пливачи на младинската Балканијада во Сараево, а освен Крстевска и Симоновски ќе настапи и Ана Јаневска.дб/бк/15:27

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кејт и Вилијам добија син

Кејт, војвотката од Кембриџ, денеска се породи со ...

Џи-Кју ја стави Библијата на листа на „најпреценети книги во светот“

Списанието за машка мода Џи-Кју објави „Листа на н...

Обдукциите не отркиле ништо сомнително околу смртта на ди-џеј Авичи

Обдукциите над телото на шведскиот ди-џеј Тим Берг...

Кејт Мидлтон се пораѓа по трет пат

Сопругата на британскиот принц Вилијам, војвотката...