• A-
  • A
  • A+
петок, 25 мај 2018, 

Мората ќе прифати помала платата за да се врати во Јувентус

Мората ќе прифати помала платата за да се врати во Јувентус

Торино, 16 мај 2018 (МИА) - Шпанскиот напаѓач на Челзи, Алваро Мората е подготвен да ги намали финансиските побарувања, за да се врати во Јувентус, тврди „Кориере дело Спорт“.

„Бјанконерите“ имаат голема желба да го вратат дваесет и шестгодишниот стрелец. Мората во исто време е подготвен да прифати драстично помала плата за да се врати во Јувентус.

Во моментов, Мората добива околу 10 милиони евра годишно во дресот на „сините“.

Според информациите, тој е подготвен на надомест од 7,5 милиони евра по сезона за да се врати во Јувентус.

Челзи бара 80 милиони евра за Мората и најверојатно нема да биде подготвен да го продаде напаѓачот за помал износ. вз/сп/21:08

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.