• A-
  • A
  • A+
понеделник, 25 јуни 2018, 

СП 2018: Меси најплатен, по него Роналдо и Нејмар

СП 2018: Меси најплатен, по него Роналдо и Нејмар

Њујорк, 14 јуни 2018 (МИА) – Аргентинскиот репрезентативец и член на Барселона, Лионел Меси е најплатен фудбалер според магазинот Форбс. 30-годишниот Меси заработил 111 милиони долари годишно.

За да стигне на првата позиција му помогна новиот договор со каталонскиот клуб, според кој заработува 667.000 долари неделно.

На второ место се наоѓа напаѓачот на Португалија и Реал Мадрид, Кристијано Роналдо. Неговиот годишен приход е 108 милиони долари.

На третата позиција е напаѓачот на бразилската репрезентација и играч на ПСЖ, Нејмар, кој заработува 90 милиони долари годишно. зс/10:46

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.