• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Игуаин пред трансфер во Челзи

Игуаин пред трансфер во Челзи

Рим, 12 јули 2018 (МИА) – Фудбалерот на Јувентус, Гонзало Игуаин, може да ја продолжи својата кариера во Челзи, објавија италијанските медиуми.

Се шпекулира дека аргентинскиот напаѓач ќе се согласи да оди кај „сините“ од Лондон ако премиерлигашот ги задоволи неговите финансиски барања.

Во Торино, платата на 30-годишниот напаѓач изнесува 7,5 милиони евра и тој не се согласува за помалку од седум милиони евра.

Претходно беше објавено дека раководството на Јувентус е подготвено да го продаде Игуаин з ада го запази финансискиот ферплеј по купувањето на Кристијано Роналдо.

За 33-годишниот Португалец, Јувентус, според неофицијални информации на Реал му платил 112 милиони евра. За продажба на Аргентинецот, италијанскиот шампион очекува да добие најмалку 70 милиони евра.

Игуаин во Јувентус е од 2016 година, а неговиот актуелен договор истекува на крајот на сезоната 2020/21. зс/14:20

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...