• A-
  • A
  • A+
вторник, 16 октомври 2018, 

Хрватската фудбалска репрезентација го претрпе најтешкиот пораз во историјата

Хрватската фудбалска репрезентација го претрпе најтешкиот пораз во историјата

Елче, 12 септември 2018 (МИА) – Фудбалската репрезентација на Хрватска синоќа во Елче загуби од Шпанија со 6:0. Ова е најтешкиот пораз за „коцкестите“ во нивната историја.

Селекторот на актуелниот светски вицешампион Златко Далиќ беше разочаран по дуелот кој с еиграше во рамките на Групата – 4 од Дивизија А во Лигата на нации.

- Од овој меч треба да извлечеме голема поука. Без агресивност, страст, желба за надигрување, нема резултат. Едноставно нашата игра се распадна. Се надевам дека ова беше само еден лош ден. Тоа им се случува и на други репрезентации. Верувам дека веќе нема да се повтори вакво наше издание, изјави хрватскиот селектор.

Во групата со Шпанија и Хрватска е и Англија, која исто така на првиот свој дуел загуби од Шпанија (1:2). зс/07:35

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Ричард Маден од „Игра на тронови“ може да биде новиот Џејмс Бонд

Британскиот актер Ричард Маден во иднина може да г...

Мел Би „брутално искрена“ за сексот, дрогата, депресијата

Поранешната „Спајс девојка“ Мел Би ја објави автоб...

Никол Кидман се разобличи до непрепознатливост заради улога

Холивудската ѕвезда Никол Кидман се промени до неп...

Пронаjден викиншки брод во Норвешка

Археолозите веруваат дека пронашле остатоци од сре...

Почина Пол Ален, соосновачот на Мајкрософт

Соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален почина вчера н...