Овечкин и Нејмар си подарија дрес и копачки

Овечкин и Нејмар си подарија дрес и копачки

Вашингтон, 12 септември 2018 (МИА) – Еден од најдобрите хокеари во историјата на американската НХЛ лига, Александар Овечкин му подари дрес со број 8 од клуб Вашингтон Капиталс, на бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар.

нејмар овечкин

Ниту Бразилецот не му остана „должен“ на рускиот хокеар и тој нему му подари копачки со кои настапувал за националниот тим. Овечкин доби и топка со автограм од Нејмар.

овечкин нејмар

Бразил ноќеска во Вашингтон во пријателски дуел го совлада Ел Салвадор со 5:0.

Нејмар беше стрелец на еден гол и запиша три асистенции. зс/11:53

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.