Европски новитети во физичкото образование од прво до петто одделение во Македонија

Европски новитети во физичкото образование од прво до петто одделение во Македонија

Скопје, 12 септември 2018 (МИА) - Во  скопските општини Центар, Карпош, Чаир, Ѓорче Петров, Кисела Вода и Аеродром од овој месец почнува да се спроведува пилот проектот „тандем-партнер наставници“, односно одделенски наставник и предметен наставник на часот по физичко и здравствено образование од прво до петто одделение.

Целта на проектот е подобрување на квалитетот наставата по физичкото образование, односно унапредување на физичките способности, моторните вештини и знаења од областа на физичката и здравствена култура кај децата.

Поектот, како што посочи на денешната конференција деканот на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје Ленче Алексовска Величковска, почнува со децата од прво до петто одделение затоа што тоа е најосетлив период на создавање навики за физичката активност.

ленче алексовска

- Квалитетното физичко образование ќе придонесе уште во раната возраст децата да стекнат спортски навики, спортска социјализација, намалување на телесните деформитети, прекумерната телесна тежина и ќе биде сериозен фактор во борбата против пороците во современото општество, рече  Алексовска Величковска и нагласи дека нема ништо повредно од здравјето на децата.

Според неа, со развивањена спортските навики од најмала возраст кај децата ќе се трасира патот за да бидат вистински здрави личности, а сето тоа ќе придонесе да имаме здрава младина, здрава нација и силна држава. 

Истражувањата од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, Филозофскиот факултет, Педагошкиот факултет, Јавното здравје и од други здравствени организации, како што рече Алексовска Величковска, покажуваат дека 60 до 70 отсто од децата имаат деформитети, односно искривување на рбетниот столб, рамни табани, X-нозе и O-нозе.

- Како рол-модел на нашиот проект ќе биде Словенија, која веќе 15 години го практикува овој модел и ги има бенефитите по здравјето на децата низ развојниот, рекреативниот и врвниот спорт, рече Алексовска Величковска.

петар атанасов

Заменик министерот за образование и наука Петар Атанасов како клучни во пониските нивоа  на образование ги посочи мајчин јазик, математика, физичка култура и уметност.

- Секој од овие предмети ги учи децата на нешто. Еден да размислува, друг како да сонуваат за нешто ново, третиот како да решаваат проблеми, а физичката култура е најважна за здравјето на децата, рече Атанасов.

Со овие предмети, како што додаде тој, треба да се постави основа за подоцна да се развијат вештините, компетенциите и знаењата на децата.

Професорката Елизабета Томевска Илиевска од Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет посочи дека овој модел веќе добро функционира и е добра практика во голем број наставно-образовни системи во нашето опкружување, но и во други земји членки на ЕУ.

- Ова е многу значајно затоа што само на тој начин ќе имаме правилен раст и развој на децата што е многу значајно за да може да се превенираат деформитетите, рече таа.

Концетот за основно образование што се предлага да биде реалност од наредната учебна година, како што истакна Томевска Илиевска, предвидува еден од одморите помеѓу наставните часови да се изведува надвор од училницата и од училишниот хол во училишниот двор преку организирање на различни игри.

Проектот од програмата Ерасмус + „Подобрување на квалитетот на физичкото образование на ниво на основно образование и презентирање на неговата важност и значење за здравјето и доброто на генерациите кои доаѓаат“ е во организација на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ) при Универзитет Св. Кирил и Методиј од Скопје заедно со Бирото за развој на образование – МОН, Универзитетот од Љубљана, Факултет за спорт-Република Словенија и Нациналната Спортна Академија од Софија, Република Бугарија. дма/са/13:46

###

 

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...