Рамос: Не постои судење „по желба“

Рамос: Не постои судење „по желба“

Њујорк, 12 септември 2018 (МИА) – Португалскиот судија Карлос Рамос се најде во центарот на вниманието, откако во финалето на Ју-Ес опен имаше вербален судир со Серена Вилијамс.

Американската тенисерка во вториот сет загуби контрола над емоциите и го искрши рекетот, а по две опомени судијата и одзеде еден поен. Потоа влезе во расправија со Рамос, кого го нарече „лажливец“ и „крадец“, а тој и одзеде цел гем.

Вилијамс по натпреварот го обвини судијата за сексизам, а во повеќе наврати нагласи дека на натпреварот се борела за женските права и половата еднаквост.

Судењето на Рамос го подели мислењето на јавноста, при што некои го поддржа и сметаат дека постапувал според правилата, а дел сметаат дека претерал.

- Тоа беше деликатна ситуација, но не постои судење „по желба“. Добро сум ако се земат предвид околностите, истакна португалскиот судија.

Вилијамс за однесувањето беше казнета со 17.000 долари, но од пласманот во финалето заработи еден милион и 850 илјади долари.

Од друга страна, ВТА соопшти дека Рамос направил некаков вид сексизам, бидејќи машките тенисери биле толерирани за некои работи за кои е санкционирана американската тенисерка. дб/паг/15:38

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...