• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Претседателот на Либерија на 51 година повторно заигра фудбал

Претседателот на Либерија на 51 година повторно заигра фудбал

Монровија, 12 септември 2018 (МИА) – Актуелниот претседател на Либерија и поранешен најдобар светски фудбалер Жорж Веа на 51 година настапи за својата репрезентација на пријателскиот натпревар против Нигерија.

Веа во текот на професионалната кариера играше за Милан, Монако и ПСЖ, а во 1995 година ја доби наградата „Златна топка“ и од ФИФА беше прогласен за фудбалер на годината.

Тој се повлече од активното играње фудбал во 2003 година, а во јануари беше избран за претседател на Либерија.

Пријателскиот натпревар во Монровија беше организиран повод повлекувањето на неговиот дрес со број 14.

Гостите од Нигерија победија со 1:2, а Веа одигра дури 79 минути од натпреварот.дб/16:06

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...