Дел Потро: Не ме фрустрира „големата четворка“

Дел Потро: Не ме фрустрира „големата четворка“

Њујорк, 12 септември 2018 (МИА) – Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро истакна дека е горд што игра во период на „големата четворка“ и дека не го фрустрира тоа што Рафаел Надал, Роже Федерер, Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј досега му препуштија само една гренд слем титула.

Дел Потро претпе пораз од Ѓоковиќ во неделата во финалето на Ју-Ес опен, а најдобриот српски тенисер ја освои третата титула на овој турнир во кариерата.

- Да се игра во исто време со Надал, Федерер, Ѓоковиќ и Мареј претставува сериозен проблем за освојување на титули. Искрено не ме фрустрира „големата четворка“ што досега имам само една гренд слем титула. За мене е гордост да се натпреварувам со овие спортски легенди, истакна Дел Потро.

Аргентинскиот тенисер досега има освоено само еден трофеј на гренд слем турнирите и тоа на Ју-Ес опен во 2009 година.дб/18:35

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...