• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Џон Тери поради семејството ја одби понудата на Спартак Москва

Џон Тери поради семејството ја одби понудата на Спартак Москва

Москва, 12 септември 2018 (МИА) - Легендарниот англиски фудбалер Џон Тери ја одби понудата на Спартак од Москва, а како причина за оваа одлука се наведува неговата желба повеќе време да минува со семејството.

Тери викендов ги помина медицинските прегледи и требаше да потпише едногодишен договор со рускиот клуб, но работата во последен момент се изјалови.

- Спартак е многу амбициозен клуб и импресиониран сум од нивниот професионализам. Но по разговорите со моето семејство, одлучивме дека тоa во моментов не е најдобар потег зa нас, истакна 37-годишниот фудбалер.

Летово на Тери му истече договорот со Астон Вила и како слободен играч можеше да премине во Спартак. дб/ссм/20:16

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ