• A-
  • A
  • A+
вторник, 16 октомври 2018, 

Азар и Еспирито Санто најдобри во септември во Премиер лигата

Азар и Еспирито Санто најдобри во септември во Премиер лигата

Лондон, 12 октомври 2018 (МИА) -  Фудбалерот на Челзи, Еден Азар, е прогласен за најдобар играч за месец септември во Премиер лигата, додека тренерот на Вулверхемптон, Нуно Еспирито Санто, е прогласен за најдобар менаџер во лигата.   

Азар минатиот месец постигна пет гола на четири натпревари и заслужено ја доби наградата во силната конкуренција.

Вулверхемптон предводени од Нуно Еспирито Санто го направија најголемото изненадување во Премиер лигта, при што во септември ремизираа со Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“, а реализираа и три победи без примен гол (Вест Хем, Барнли и Саутемтон).

Еспирито Санто беше прогласен за најдобар тренер во конкуренција на Унаи Емери од Арсенал, Јирген Клоп од Ливерпул и Пеп Гвардиола од Манчестер сити. дб/ми/16:40

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Ричард Маден од „Игра на тронови“ може да биде новиот Џејмс Бонд

Британскиот актер Ричард Маден во иднина може да г...

Мел Би „брутално искрена“ за сексот, дрогата, депресијата

Поранешната „Спајс девојка“ Мел Би ја објави автоб...

Никол Кидман се разобличи до непрепознатливост заради улога

Холивудската ѕвезда Никол Кидман се промени до неп...

Пронаjден викиншки брод во Норвешка

Археолозите веруваат дека пронашле остатоци од сре...

Почина Пол Ален, соосновачот на Мајкрософт

Соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален почина вчера н...