• A-
  • A
  • A+
вторник, 16 октомври 2018, 

УЕФА го казни загребски Динамо поради однесувањето на навивачите

УЕФА го казни загребски Динамо поради однесувањето на навивачите

Загреб, 12 октомври 2018 (МИА) - УЕФА го казни загребски Динамо со затворање на северната трибина на натпреварот против Спартак од Трнава и со вкупна парична казна од 63.000 евра поради однесувањето на хрватските навивачи на натпревариот во Брисел против Андерлех во Лига Европа.

Динамо е казнет заради употреба на пиротехника на стадионот, за фрлање на тврди предмети на теренот, за тепачка меѓу навивачите, како и за истакнувањето на усташки симболи, кои УЕФА ги третира како расистички испад.

- Казната за расизам изнесува 50.000 евра, за пиротехника 5.000, а за фрлање на тврди предмети уште 8.000 евра, сопшти Динамо.

УЕФА против Динамо покрена уште една истага за натпреварот од 20 септември против Фенербахче во Загреб, која се уште не е завршена. дб/ми/17:40

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Премијата за американската лотарија се искачи на 654 милиони долари

Премијата за американската игра на среќа „Мега мил...

Арда Tуран се соочува со 12,5 години затвор за нападот врз Беркај Шахин

Обвинителството во Истанбул побара затворска казна...

Поранешна алкохоличарка најмлада богаташка на листата на „Форбс“

Линдзи Снајдер се најде на насловната страна на „Ф...

Оглас во Србија: Се издава кибрит

На „Хало“, интернет-страница за огласи за недвижно...

Семејството на Принс му забрани на Трамп да ги користи неговите песни

Семејството на починатиот поп пејач Принс побара о...