• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Грција не разговара со Албанија за прашањето на „Чамите“

Грција не разговара со Албанија за прашањето на „Чамите“

12 октомври 2016

Вима - Атина

Грчкото министерство за надворешни работи беше принудено да му одговори официјално на албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати, кој во изјава за локално радио рече дека и двете земји го вклучиле прашањето за „Чамите“ (етнички Албанци кој ја населуваат грчката област Северен Епир) во неофицијалниот документ „нон-пејпр“, кој им бил предаден на европскиот комесар за приширување, Јуханес Хан и на високиот преетставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини.

Изјавата на Бушати очигледно го стави во непријатна ситуација неговиот грчки колега Никос Коѕиас, во момент кога целата дебата со Тирана се води во „далеку зад кулисите“. Но, неговата реакција остави без одговор конкретни прашања.

Во соопштението кое носеше помпезен наслов „Утврдувањето на вистината за точната содржина на грчко-албанскиот дијалог“, грчкиот министер за надворешни работи потенцира дека „Грција не разговара по прашањето за Чамите, ниту пак преговара со трети земји за одлуките на грчките судови кои можат да им наштетат на оние кои соработувале со германскиот окупатор“.

Никос Коѕиас признава дека „Грција и предложила на Албанија преговори за редица прашања, кои се сметаат за отворени за двете земји“. Притоа, тој бил оној кој предложил и создавање на механизам за решавање на билатералните спорови. Како што всушност дополни министерот, „во нив не е вклучено прашањето за Чамите. Албанската страна го барала тоа и инсистриларала за него. Грчката страна не го прифатила“.

Понатаму, Министерството за надворешни работи на Грција истакнува дека „што се однесува до нон-пејпрот кој бил врачен како предлог за преговори на албанската страна, во него единствено стои во врска со прашањето за Чамите во вториот параграф на член Б.2, дека „во никој случај не произлегуваат права за т.н. Чами, за да се истакне јасно дека не може прашањето за чамите да биде предмет на преговори“.

Одговорот на министерството за надворешни работи е добредојден. Но тој одговор одтави сериозни „сенки“ за некои други прашања. Главното од нив е следното: ако Атина смета дека воопшто не постои прашање за Чамите, тогаш од кои причини го истакнува параграфот од член Б.2, дека не произлегуваат права за т.н. Чами. Правата се правно прашање. Но, прашањето за Чамите е првенствено политичко прашање, како што јасно беше кажано во интервјуто на Бушати.

Никос Коѕиас исто не одговара на прашањето за предавањеето на „нон-пејпрот“ на еврокомесарот Хан и високиот претставник на ЕУ, Могерини.

Се случило такво нешто или не? Ако се случило, тогаш која е целта? Ако се суди по одговорот на еврокомесарот за проширување, може да се каже дека тој има јасна претстава за тоа кое се дискутира.

Овен тоа, со изборот на првиот грчки дипломат да бидат предадени „нон-пејприте“, грчко-албанските односи се пренесуваат на европско ниво, на кое можеби нема да има толкаво големо значење дали Атина прифаќа дека прашањето за чамите е предмет на преговори или не.

Но, тоа не произлегува од изјвата на Јоханес Хан. Маркирањето на прашањето за Чамите како една од трите теми кои ги разгледуваат Атина и Тирана, покажува дека Брисел го прифаќа како прашање - со општи последици.

Можеби нема да има врска, но треба да се истакне дека на Советот на министрите, но и на редовната средба на врвот во декември традиционално се разговара за прашања за проширувањето.

Заедно со тоа секоја есен Европската комисија ги објавува своите извештаи за напредувањето на земјите кандидати за членство. Како владата во Атина ќе реагира во тој случај ако Комисијата реши да ги вклучи оценките направени од Хан во својот извештај за Албанија? ат/сп/12:20

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.