• A-
  • A
  • A+
понеделник, 23 април 2018, 

Додик: НАТО во БиХ ги крши принципите на меѓународното право

Додик: НАТО во БиХ ги крши принципите на меѓународното право

Бања Лука, 11 јануари 2017 (МИА) - Претседателот на Република Српска, Милорад Додик оцени дека изјавата на високиот воен претставник на НАТО штработ во Сараево, генерал Жизел Вилц, дека учеството на припадниците на Вооружените сили на БиХ во прославата на Денот на РС е незаконско, претставува директно кршење на начелата на меѓународното право што не дозволува мешање во внатрешните работи на суверени земји.

- Тоа, исто така, е недвосмислен притисок врз домашното правосудство и други инстанци кои на таков начин се обидуваат да ги насочат против војниците и официјалните лица кои учествуваа во одбележување на Денот на Република, посочи Додик.

Тој додаде дека според Дејтонскиот договор НАТО не може да се меша во работи кои не се наведени во Мировниот договор. ми/ссм/17:52

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Кејт и Вилијам добија син

Кејт, војвотката од Кембриџ, денеска се породи со ...

Џи-Кју ја стави Библијата на листа на „најпреценети книги во светот“

Списанието за машка мода Џи-Кју објави „Листа на н...

Обдукциите не отркиле ништо сомнително околу смртта на ди-џеј Авичи

Обдукциите над телото на шведскиот ди-џеј Тим Берг...

Кејт Мидлтон се пораѓа по трет пат

Сопругата на британскиот принц Вилијам, војвотката...