• A-
  • A
  • A+
петок, 20 април 2018, 

Американски маринци и романски трупи спроведуваат воени вежби во Црното Море

Американски маринци и романски трупи спроведуваат воени вежби во Црното Море

Букурешт, 20 март 2017 (МИА) - Американски маринци и романски војници учествуваат во заедничките воени вежби „Пролетна бура 17“, што се спроведуваат на крајбрежјето на Црното Море. 

Во вежбите учествуваат 450 маринци и 740 припадници на романските трупи. Тие со вежбите симулираат одбрана на црноморскиот брег и урбните подрачја. 

Еден од маневрите што е изведен денеска, бил лансирање на ракета „Стингер“. 

Целта на вежбите е зголемување на интероперабилноста на романските и американските трупи во регионот каде државите членки на НАТО се чувствуваат загрозено по интервенцијата на Русија во Украина. см/ссм/17:30

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Содерберг снима филм за финансискиот скандал во Панама

Холивудскиот режисер познат по филмскиот хит „Един...

Нема да бидат поднесени кривични пријави поради смртта на Принс

Поради смртта на американскиот музичар Принс Роџер...

Поранешни осуденици ги заменија фантомките со пекарски капчиња

Група поранешни осуденици од српскиот град Крагује...

Претседателот на Уганда сака да го забрани оралниот секс

Претседателот на Уганда, Јовери Мусевени изјави де...

Ресторан кој и оние без пари не ги остава гладни

Доколку сте гладни, а немате пари, тука секогаш мо...