• A-
  • A
  • A+
понеделник, 23 април 2018, 

Црногорската опозиција на 28 април во Цетиње ќе оддржи антинато протест

Црногорската опозиција на 28 април во Цетиње ќе оддржи антинато протест

Подгорица, 21 април 2017 (МИА) - Црногорскиот опозициски Демократски фронт за 28 април, денот кога Парламентот ќе гласа за членството на Црна Гора во НАТО, свика антиНато протести, соопшти црногорскиот весник „Побједа“.

Претставници на Демократскиот фронт изјавија дека се изненадени од одлуката седницата на Парламентот да се одржи во историската престолнина Цетиње, а не во Подгорица, затоа што следната недела биле планирали секојдневни протести пред Парламентот.

„Доколку е потребно ќе ангажираме и 100 автобуси за да протестираме пред Парламентот во Цетиње“, соопштуваат од Демократскиот фронт.

Останатите опозициски партии, иако го поддржуваат предлогот на Демократскиот фронт за членството во Алијансата да се гласа на референдум, нема да се приклучат кон протестите. сд/ссм/15:23

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Кејт и Вилијам добија син

Кејт, војвотката од Кембриџ, денеска се породи со ...

Џи-Кју ја стави Библијата на листа на „најпреценети книги во светот“

Списанието за машка мода Џи-Кју објави „Листа на н...

Обдукциите не отркиле ништо сомнително околу смртта на ди-џеј Авичи

Обдукциите над телото на шведскиот ди-џеј Тим Берг...

Кејт Мидлтон се пораѓа по трет пат

Сопругата на британскиот принц Вилијам, војвотката...