• A-
  • A
  • A+
вторник, 16 октомври 2018, 

УНМИК посредувал меѓу Приштина и Интерпол за укинување на потерницата против Харадинај

УНМИК посредувал меѓу Приштина и Интерпол за укинување на потерницата против Харадинај

Приштина, 5 декември 2017 (МИА) - Мисијата на ОН во Косово (УНМИК) соопшти дека во декември 2016 година на Интерпол му предала нота од косовските власти, во која се бара да се укинат потерниците против 20 жители на Косово.

Мисијата на ОН истакна дека на тој начин посредувала меѓу Приштина и Интерпол, врз основа на „улогата што ја има во согласност со Резолуцијата 1244  на Советот за безбедност на ОН“.

Ова се наведува во соопштението кое портпаролот на Канцеларијата на УНМИК за стратешки комуникации и јавни работи Санам Долатшахи му го проследил на Танјуг како одговор на прашањето на агенцијата, кој му дал согласност на УНМИК да бара укинување на потерницата за косовскиот премиер Рамуш Харадинај, кого Србија го товари за воени злосторства  и „каква е всушност природата на таа потерница“.

Во објаснувањето за улогата на УНМИК во врска со неодамнешната одлука на Интерпол, во соопштението се наведува дека е „во согласност со улогата на УНМИК според Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 2002 година и оти УНМИК има потпишано Меморандум за разбирање со Интерпол“.

Станува збор за Меморандумот „Соработка во спречување на криминал и во кривична правда“ чија цел, како што се наведува, била да се воспостави рамка за соработка меѓу страните, вклучувајќи и размена на полициски информации, објавување и проток на потерници на Интерпол, пристап со мрежи и бази на податоци на Интерпол“.

Во соопштението се истакнува дека Меморандумот за разбирање меѓу Интерпол и УНМИК се уште е во сила.

Рамуш Харадинај

- Затоа, УНМИК делува како посредник меѓу косовските власти и Интерпол, кога станува збор за сите прашања во врска со спречување на криминал, полициска соработка и кривична правда, се наведува во соопштението.

Во тој контекст, УНМИК во декември 2016 година на Интерпол му предал нота од косовските власти, во која се бара укинување на меѓународните потерници против 20 косовски жители, а тоа е направено врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН „како што е правено во сите акви случаи во минатото“.

Интерпол од списокот на барани лица отстрани 18 лица од Косово кои ги бара Србија, а меѓу нив е и косовскиот премиер, Рамуш Харадинај. Сите тие сега се слободни без проблем да патуваат надвор од територијата на Косово. јт/сп/08:29

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Ричард Маден од „Игра на тронови“ може да биде новиот Џејмс Бонд

Британскиот актер Ричард Маден во иднина може да г...

Мел Би „брутално искрена“ за сексот, дрогата, депресијата

Поранешната „Спајс девојка“ Мел Би ја објави автоб...

Никол Кидман се разобличи до непрепознатливост заради улога

Холивудската ѕвезда Никол Кидман се промени до неп...

Пронаjден викиншки брод во Норвешка

Археолозите веруваат дека пронашле остатоци од сре...

Почина Пол Ален, соосновачот на Мајкрософт

Соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален почина вчера н...