• A-
  • A
  • A+
сабота, 23 јуни 2018, 

Грубјешиќ: Со ова темпо Срвија ќе ги затвори поглавјата дури за 12 години

Грубјешиќ: Со ова темпо Срвија ќе ги затвори поглавјата дури за 12 години

Белград, 3 јануари 2018 (МИА) - Најважно е што Србија во 2014 година го започна преговарачкиот процес со ЕУ, но не верувам дека треба да бидеме задоволни со бројот на отворени поглавја. За четири години отворивме само 12, а времено се затворени два поглавја, изјави за весникот „Данас“ новата генерална секретарка на Европското движење во Србија и поранешна српска вицепремиерка за евроинтеграции, Сузана Грубјешиќ.

- Затоа е важно да се забрза овој процес, за да можеме до 2023 година да ги затвориме сите поглавја и да потпишеме договор за пристапување во ЕУ, кој државите членки би го ратификувале за речиси две години. Ова е се претпоставка, ЕУ следниот месец да излезе со Стратегијата за проширување во која би се навело дека 2025 е година на можниот прием во Унијата за две западнобалкански земји, кои најмногу се имааат придвижено во процесот на интеграции, а тоа се Србија и Црна Гора, истакна Грубјешиќ.

Најголеми препреки за тоа да се оствари според неа се дијалогот со Приштина и владеењето на правото.

- Дијалогот со Приштина според одредени сценарија треба да заврши до крајот на мандатот на Могерини, значи до крајот на 2019 година, нагласи таа, додавајќи дека втората препрека се поглавјата 23 и 24 кои се однесуваат на правосудството и на правните темели: правдата, слободата и безбедноста.

Владеењето на правото е носечки столб на европските интеграции, а бројните усвоени закони, стратегии и акционите планови немаат веќе толкаво значење, колку што има деполитизацијата на правосудството, борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Според генералната секретарка на Европското движење во Србија, целиот процес на пристапните преговори во споредба со претходната власт трае предолго.

- Во 2011 година станавме земја кандидат, во 2014 ги отворивме преговорите. Сега, заради најавената Стратегија за проширување и рамковната година за прием во ЕУ треба да забрзаме и конечно да го завршиме овој процес, додаде Грубјешиќ. об/гт/16:14

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Познатиот кувар не бил под влијание на дрога кога се самоубил

Познатиот американски кувар Ентони Борден не бил п...

Џони Деп: Го допрев дното

Актерот Џони Деп во интревју за списанието „Ролинг...

Откриена илегална агенција за сурогат мајки во Камбоџа

Полицијата во Камбоџа упаднала во два стана во гла...

Почина Вини Пол Ебот, еден од браќата основачи на Пантера

Вини Пол Ебот, еден од основачите на хеви метал бе...

Дебелеењето нуспојава на Мундијалот

Седењето пред телевизор, пиењето на зашеќерени нап...