• A-
  • A
  • A+
среда, 25 април 2018, 

Ерјавец: Имаме евиденција, на хрватските рибари ќе им наплаќаме казни

Ерјавец: Имаме евиденција, на хрватските рибари ќе им наплаќаме казни

Љубљана, 3 јануари 2018 (МИА) – Словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец изјави денеска дека словенечката полиција има право да наплаќа казни на хрватски рибари кои ловат во словенечки води во Пиранскиот залив.

– Словенечката полиција ќе спроведува свои надлежности на море, вклучително и наплаќање казни. За тоа имаме евиденција, а рибарите кои нема да сакаат да платат ќе имаат потешкотии кога ќе дојдат во Словенија, изјави Ерјавец за државното радио.

Хрватската министерка за надворешни работи Марија Пејчиновиќ Буриќ вчера изјави дека словенечките закани за високи парични казни за хрватски рибари се „целосно непримерни, бесмислени и невозможни“.

Словенечката страна тврди дека од минатиот викенд почнала со имплементација на арбитражната пресуда бидејќи граничната линија на море е „јасна“ и со точно одредени координати и оти на Словенија и припаѓа 80 отсто од Пирански залив. За да ловат во Пиранскиот залив, како што тоа досега традиционално го правеа, рибарите од Савудрија и од Умаг според Љубљана, би требало од словенечките власти да бараат посебни дозволи. зш/18:14

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ