• A-
  • A
  • A+
недела, 24 јуни 2018, 

Турски опозициски лидер бара квота за жените на сите избори во Турција

Турски опозициски лидер бара квота за жените на сите избори во Турција

Анкара, 8 март 2018 (МИА) - Лидерот на водечката опозициска сила во Турција, левоцентристичката Републиканска народна партија (ЦХП), Кемал Киличдароглу денеска побара измена на Законот за политички партии, со цел да биде определена квота за жените.

На средба по повод 8 март во округот Ајдин во Западна Турција со жени што се наоѓаат на раководни позиции во локалната власт, Киличдароглу ги повикува сите политички партии да се согласат на измена на законот и да воведат квота од 33 проценти за жени на изборните листи.

- Секоја жена треба да се приклучи кон борбата. Тоа е борба за демократија, истакна Киличдароглу.

ЦХП првпат ја претстави идејата за воведување на квоти од 33 проценти на сите избори во Турција во декември 2017 година. Партијата тогаш предложи таква квота да важи и за пратениците и за членовите на општинските и окружните совети. ир/сп/19:54

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Познатиот кувар не бил под влијание на дрога кога се самоубил

Познатиот американски кувар Ентони Борден не бил п...

Џони Деп: Го допрев дното

Актерот Џони Деп во интревју за списанието „Ролинг...

Откриена илегална агенција за сурогат мајки во Камбоџа

Полицијата во Камбоџа упаднала во два стана во гла...

Почина Вини Пол Ебот, еден од браќата основачи на Пантера

Вини Пол Ебот, еден од основачите на хеви метал бе...

Дебелеењето нуспојава на Мундијалот

Седењето пред телевизор, пиењето на зашеќерени нап...