• A-
  • A
  • A+
среда, 22 август 2018, 

Русија, Турција и Иран ќе продолжат да соработуваат за уништување на ИД

Русија, Турција и Иран ќе продолжат да соработуваат за уништување на ИД

Астана, 16 март 2018 (МИА) - Русија, Турција и Иран ќе ја продолжат соработката за ликвидирање на Исламската држава и другите терористички групи, изјавија по денешната средба за Сирија во казахстанскиот главен град Астана, министрите за надворешни работи на Русија, Турција и Иран - трите земји кои се гаранти на примирјето во Сирија.

- Ја потврдивме определбата да ја продолжиме соработката за конечно ликвидирање на ИД, Џебхат ал Нусра и сите други лица, групи и организации поврзани со Ал Каеда или ИД, кои Советот за безбедност на ОН ги прогласи за терористички организации, како и за спречување на нивно преместување во други земји и региони, стои во заедничкото соопштение.

На состанокот во Астана, министрите Сергеј Лавров, Мевлут Чавушоглу и Мохамад Џавад Зариф ги разгледаа резултатите од нивната работа во овој формат во текот на изминатата година со цел решавање на сириската криза.

На 6 декември минатата година, рускиот претседател Владимир Путин ја прогласи последната победа над ИД на двата брега на реката Еуфрат во Сирија, а на 11 декември нареди повлекување на руските трупи од земјата. Сега во Сирија има само три руски баталјони воена полиција, рускиот Центар за помирување на земјите и базите во Хмејмим и Тартус. јт/сп/11:08

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.