• A-
  • A
  • A+
понеделник, 23 јули 2018, 

Песков: Различните оценки за нападите врз Сирија не ги разделија Русија и Турција

Песков: Различните оценки за нападите врз Сирија не ги разделија Русија и Турција

Москва, 16 април 2018 (МИА) - Различните оценки за нападите на САД, Велика Британија и Франција врз Сирија не пртставуваат разидување меѓу Русија и Турција и нема да ги наруши плановите занатамошна соработка меѓу Москва и Анкара, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

- Нападите не ги разделија Русија и Турција, нагласи Песков, коментирајќи ја изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека поради нападите дошло „до разидување меѓу Анкара и Москва“,

Песков потенцира дека не е тајна оти по многу прашања позициите на Москва и Анкара се различни, но дека тоа не им пречи да продолжат да разменат ставови по разни теми и да разговараат за разликите кои ги имаат по одредени прашања.

- Она што е најважно е дека тоа во никој случај не влијае врз понатамошните планови за развој на соработката и интеракцијата во реализацијата на големите економски и други проекти, рече Песков.

Претходно, турскиот вицепремиер Бекир Боздаг, коментирајќи ја оценката на Макрон рече дека Турција не е на ничија страна кога е во прашање Сирија

- Турската политика кон Сирија не е да биде со некого или да биде против некого. Нашата политика е јасна, Ние сме на страната на правдата и на тоа што е исправно, порача Боздаг.

Тој нагласи дека Турција е против поддршката што некои земји, како Русија, и ја даваат на „режимот во Сирија“, но и против поддршката што САД и другите западни земји им ја пружаат на „терористичките организации“, како што се Силите за заштита на народот на Сириските Курди. ир/сп/15:14

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Де Бирс“ ќе префрли 200 слонови од Јужна Африка во Мозамбик

Производителот на дијаманти „Де Бирс“ соопшти дека...

Жена пронашла алигатор вo својот двор во Пенсилванија

Жителка на Пенсилванија, по име Трејси Хофекер про...

Тениската ѕвезда Мартина Хингис повторно пред олтар

Некогашната најдобра тенисерка на светот, Швајцарк...

Џорџ Мајкл петпати се обидел да изврши самоубиство

Иако официјалните податоци говорат дека британскио...

Почина глумицата Елмари Вендел

Актерката Елмари Вендел, најпозната по улогата на ...