Макрон: ЕУ да не прима нови членки додека не се спроведат реформи и не се продлабочи интеграцијата

Макрон: ЕУ да не прима нови членки додека не се спроведат реформи и не се продлабочи интеграцијата

Стразбур, 17 април 2018 (МИА) - Европската унија не треба да прима нови членки додека интеграцијата не се продлабочи и не бидат спроведени реформи, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.

Во говор во Евеопскиот парламент, Макрон нагласи дека „сака да бидат примени државите од Западен Балкан во европскиот проект, но дека времето за нивното членство се уште не е дојдено“.

- Ќе поддржам проширување само кога прво ќе има продлабочување на интеграцијата и реформи во нашата Европа, потенцира Макрон.

Тој додаде дека не сака Балканот да се сврти кон Русија или Турција, „но не сака ниту Европа која во услови на тешко функционирање со 28, а утре со 27 членки, да биде со 30 или 32 држави со истите правила“.

Лидерите од ЕУ и Западен Балкан ќе имаат самит на 17 мај во Софија за да се разгледа иднината на регионот. зш/сп/13:34

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...