• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Соботка: Да се поддржи доближувањето на Западен Балкан

Соботка: Да се поддржи доближувањето на Западен Балкан

Виена, 24 април 2018 (МИА) – Претседателот на австрискиот Парламент, Волфганг Соботка денеска во Талин изјави дека со загриженост го следи растечкото влијание на надворешни актери на Западен Балкан и оти смета дека исправен одговор на тоа може да биде поголем напор на Брисел за приближување на земјите од регионот кон ЕУ.

Тој на конференција на претседатели на парламенти на членките на ЕУ рече дека стабилноста на Западен Балкан има важно влијание врз Европа.

- Европа која заштитува, мора да направи се за да обезбеди мир и безбедност на своите соседи. Тоа вклучува и желба за зајакната соработка во областа на цивилното и воено управување со кризи, рече тој.

Соботка истакна дека целта на претседателството на Австрија со ЕУ, во втората половина од годинава, е остварување „мерлив напредок во доближувањето на рагионот кон ЕУ“. јт/12:56

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.