• A-
  • A
  • A+
петок, 25 мај 2018, 

Снег падна над Макарска

Снег падна над Макарска

Макарска, 16 мај 2018 (МИА) - Над Макарска синоќа падна снег. По жешкото време, кое владееше низ цела Хрватска во последните неколку седмици, температурите нагло паднаа, а во Макарска падна снег.

Температурата на биоковскиот врв Свети Јуре падна на нула степени, а дождот премина во снег.

Во попладневните часови, температурата долж брегот беше само 12 степени, што е пад за околу 15 степени во споредба со минатата недела.   

Падот на температурите беше придружен со дожд и грмотевици, а вечерта во средината на Јадранско Море имаше „водено торнадо“. ир/ми/14:29

###



Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ