• A-
  • A
  • A+
понеделник, 21 мај 2018, 

Рама не гледа вина кај министерот Џафај

Рама не гледа вина кај министерот Џафај

Тирана,16 мај 2018 (МИА) – Албанскиот премиер,Еди Рама, остро и возврати на опозицијата на барањето за разрешување на министерот за внатрешни работи,Фатмир Џафај,велејќи дека тој нема да одговара ни законски ни морално, бидејќи „обвинувањата не доаѓаат од правосуден орган“. 

- Обвиненијата денеска против министерот за внатрешни работи не доаѓаат од правосуден орган и немаат никаква врска со правдата како вредност.Ќе ви кажам дека министерот Џафај нема да одговара ни законски ни морално, оценува Рама.

Според него аудио снимката на прислушуван разговор, која ја објави опозициската демократска партија за наводна вмешаност на министерот Џафај во заштита на сопствениот брат, е монтажа што,како што изјави Рама го потврдила и меѓународна ескпертиза.

Албанската опозициј,вчера побара под итно разрешување на министерот за внатрешни работи Фатмир Џафај, како „личност одговорна што неговиот брат Агрон Џафај е на слобода“.Во спротивно се закани со протести и блокирање на работата на собранието.

Агрон Џафај,според опозицијата е осуден во отсуство,од италијанските власти на 7,2 години затвор, поради недозволена трговија со дрога а слободно живее во Албанија „благодарение на братот кој ги затскривал документите за негова еклстрадиција“. вт/зш/13:55

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ