• A-
  • A
  • A+
сабота, 21 јули 2018, 

Двајца загинати при пад на спортски авион во околината на Белград

Двајца загинати при пад на спортски авион во околината на Белград

Белград, 16 мај 2018 (МИА) - Два лица загинаа вечерва кога мал спортски авион се урнал близу аеродромот „13 мај“ во Земун Поље во околината на Белград.

Според портпаролката на белградската служба на Брза помош Нада Мацура, при падот на „ултралесниот авион“ загинале маж и жена.

Мацура во изјава за Танјуг нагласи дека Брзата помош била известена за уривањето на леталото во 19:18 часот.

Причините за падот на авионот и повеќе детали за несреќата засега не се познати. сп/20:36

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.