Албанскиот претседател се заложил за продолжување на дијалогот Белград-Приштина

Албанскиот претседател се заложил за продолжување на дијалогот Белград-Приштина

Тирана, 5 јуни 2018 (МИА) - Европската перспектива на Албанија и Косово и дијалогот меѓу Белград и Приштина, беа главни теми на средбата во Тирана меѓу шефот на албанската држава Илир Мета и косовскиот премиер Рамуш Харадинај.

Како што соопштението од кабинетот на Мета, на средбата албанскиот претседател се заложил Косово да го продолжи дијалот со Србија.

- Претседателот Мета се заложи за продолжувањето на косовско-српскиот дијалог, оценувајќи дека тоа е многу значајно за мирот и стабилноста во регионот. Исто така, тој на средбата со премиерот ја искажа својата ангажираност за потесна соработка со косовските институции во интерес на зголемувањето на бројот на државите кои ќе ја признаат неговата независност и за зајакнување на европската перспектива на Косово, стои во соопштението.

На средбата станало збор и за унапредување на билатералната соработка во областа на економијата, трговијата, образованието, туризмот, културата и други сфери. вт/сп/12:36

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.