• A-
  • A
  • A+
вторник, 14 август 2018, 

Исчезнале повеќе од 140 уметнички дела од амбасади и резиденции на СФРЈ

Исчезнале повеќе од 140 уметнички дела од амбасади и резиденции на СФРЈ

Белград, 14 јуни 2018 (МИА)- Од амбасади, конзулати и резиденции на поранешна Југославија исчезнале повеќе од 140 вредни уметнички дела.

Србија ќе побара одговор за исчезнувањето преку Интерпол, изјави Вељко Одаловиќ, српски претставник во Мешовитата комисија за сукцесија.

– Инсистираме за таа акција да се вклучи и меѓународната криминалистичка полициска организација, изјави Одаловиќ за Новости.

Најмногу дела недостигаат во Рим. Дел од уметнички дела недостигаат во Хаг, Вашингтон, Стокхолм, Цирих, Мексико, Анкара Виена и Осло. До 2017 распоредени се вкупно 1 416 уметнички дела.

Србија „по национален клуч“ добила 791, Хрватска 325, Словенија 194, Македонија 59 и БиХ 47 уметнички дела. ир/зш/13:20

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Дете за 10 минути хакираше интернет страница и смени изборни резултати

На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет мину...

Концертот на „2 Cellos“ во ВИП Арена презакажан за 19 октомври

Скопскиот концерт на една од моментно најголемите ...

Од речиси пуст остров, еден човек направи оаза

Пред околу 40 години, Индиецот Џадав Пајенг, кој ж...

Виена можен домаќин на Евровизија наместо Израел

Главниот град на Австрија - Виена најверојатно, по...

Две сестри украле половина милион долари од училишни мензи во САД

Две сестри, кои работеле во две училишни мензи во ...