• A-
  • A
  • A+
вторник, 14 август 2018, 

Мета ќе делува според Уставот за договорот со Грција за морската граница

Мета ќе делува според Уставот за договорот со Грција за морската граница

Тирана,14 јуни 2018 (МИА) - Кога претставниците на двете влади,посебно грчката, најавуваат дека договорот со Албанија за определување на морската граница е пред потпишување, албанскиот претседател Илир Мета изјави дека од премиерот Еди Рама побарал подетални информации околу ова прашање.

- Многу е значајно решавањето на прашањето за морската граница со Грција,но  побарав подетални информација околу разговорите кои владата ги води по ова прашање. Се наоѓаме во еден процес на донесување понатамошни одлуки и институцијата Претседател очекува подетални информации,според најсериозните стандарди кои го заслужуваат ова прашање, одговори Мета на новинарско прашање за тоа што разговарале на синоќешната средба со премиерот Еди Рама.

Што се однесува до донесувањето на одлуките, шефот на албанската држава истакна дека одлуките на институцијата претседател ќе бидат во согласност со Уставот и одговорностите кои припаѓаат на оваа институција, идентично како и сите други институции кои имаат одговорност да донесуваат и спроведуваат одлуки во потребното време.

- Сакам да ја нагласам важноста за решавање на ова прашање, не само како надминување на наследен проблем, туку и како можност и перспектива за управување и користење на поморските и природни богатства. Сите одлуки на претседателот ќе бидат во согласност со Уставот и одговорностите кои и припаѓаат на оваа институција,- посочи Мета.

На средбата,која траела половин час, Мета рече дека разговарале и за други прашања поврзани со значењето на почетокот на преговорите за членство во ЕУ и искажа надеж дека неговата земја ќе добие позитивна одлука.

Наспроти оптимизот на владата дека договорот ќе биде потпишан, албанската опозиција обивнува за национално предавство,зашто со договорот на Грција и се отстапуваат 12 милји од албанските теиторијални води,на Јонско Море, на чие дно има огромни резерви на нафта и гас.

- Рама безусловно капитулира пред ултиматумот на Грција,го прифати договорот со кој и се дарува марето, напиша на својот профил на фејсбук екс лидерот на демократите Сали Бериша,поранешен премиер и претседател на Албанија.

Наспроти албанската, грчката страна веќе е сигурна во договорот.Министерот за одбара деновиве изјави дека Грција влегува во нова ера,зашто ги проширува територијалните води со признавање на екслузивние економски зони и искористување на подводните богатства.

Шефот на грчката дипломатија,Никос Коѕијас вчера најави нова офинзива околу нерешените прашања со Албанија,нагласувајќи дека нема да замине на одмор без да ги реши овие прашања.

- Набрзо ќе ги решиме проблемите со Албанија. Се наоѓаме во процес на решавање на проблемите кои постојат 70 години. Нема да одам на одмор без да ги решам,-изјавил Коѕијас по средбата со неговиот руски колега Сергеј Лавров во Москва. 

Дното на Јонско Море  богато со нафта и гас. Прво договор за отстапување дел од албанските морски води потпишаа во 2009 тогашните шефови на албанската и грчката дипломатија, Љуљзим Баша и Дора Бакојани,но Уставниот суд на Албанија го прогласи за неуставен.

За грчката страна друго прашање е изградбата на гробишта на грчките војници на југот на земјата, почитување на правата на грчкото малцинство, додека од албанска страна се бара поништување на договорот за воена состојба меѓу двете земји,како и враќањето на имотите на протераните Албанци од областа Чамарија,прашање,кое,како што изјавуваат грчките челници не постои.вт/ зш/13:34

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Дете за 10 минути хакираше интернет страница и смени изборни резултати

На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет мину...

Концертот на „2 Cellos“ во ВИП Арена презакажан за 19 октомври

Скопскиот концерт на една од моментно најголемите ...

Од речиси пуст остров, еден човек направи оаза

Пред околу 40 години, Индиецот Џадав Пајенг, кој ж...

Виена можен домаќин на Евровизија наместо Израел

Главниот град на Австрија - Виена најверојатно, по...

Две сестри украле половина милион долари од училишни мензи во САД

Две сестри, кои работеле во две училишни мензи во ...