Курц: Западниот Балкан заслужува членство во ЕУ

Курц: Западниот Балкан заслужува членство во ЕУ

Стразбур, 3 јули 2018 (МИА) - Австрискиот канцелар Себастијан Курц, на пленарната седница на Европскиот Парламент ги презентираше приоритетите на австриското претседавање со ЕУ, кое започна на 1 јули и ќе трае до 31 декември 2018 година, нагаласувајќи дека Западниот Балкан ќе фигурира на врвот на оваа листа.

- Европскиот проект ќе биде целосен само кога Западниот Балкан ќе и припаѓа на нашата заедница на нации, изјави Курц.

Тој посочи дека земјите од Западниот Балкан „не само што имаат европска перспектива која ја заслужија, туку заслужија и членство во ЕУ, и затоа го поддржуваме процесот на пристапување“.

- Воодушевен сум што спорот за името конечно се реши и што Албанија и Македонија се сега во позиција да отворат преговори, иако сакавме побрз процес.

Тој додаде дека е потребен постојан прогрес на патот кон членство во ЕУ и дека само така Унијата ќе успее да им се спротистави на другите земји кои го зголемуваат своето влијание во регионот.

- Мораме да се осигураме дека ќе го комплетираме проектот на ЕУ и да ги внесеме овие земји во ЕУ, рече австрискиот канцелар. тм/сп/11:01

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.