• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Координација на косовскиот државен врв за преговорите со Србија

Координација на косовскиот државен врв за преговорите со Србија

Приштина, 12 јули 2018 (МИА) - Претседателот на Косово, Хашим Тачи, премиерот Рамуш Харадинај и првиот човек на косовското Собрание, Кадри Весели се сретнаа претпладнево за да се координираат за дијалогот со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Извори на порталот „Телеграфи“ информираа дека средбата на косовскиот државен врв се одржала во канцеларијата на Тачи.

Средбата се случи откако, порано утрово, канцеларијата на високата претставничка на Европската унија за надворешна полиитка и безбедност Федерика Могерини, соопшти дека наредната средба на претседателите на Косово и Србија, Хашим Тачи и Александар Вучиќ ќе се одржи на 18. јули во Брисел. иа/сп/13:17

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.