Деда: Тачи е ист како Милошевиќ и Туѓман

Деда: Тачи е ист како Милошевиќ и Туѓман

Приштина, 15 август 2018 (МИА) - Пратеникот на опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК), Илир Деда вели дека косовскиот претседател Хашим Тачи, со неговите заложби за корекција на границите, не се разликува од поранешните претседатели на Србија и Хрватска, Слободан Милошевиќ и Фрањо Туѓман, јави дописникот на МИА од Приштина.

- Слободан Милошевиќ и Фрањо Туѓман размислуваа исто како Тачи денес, дека Западот ќе го прифати секој билатерален договор за промена на границите во поранешна Југославија. По сите тие жртви, уништувања и најтешките злосторства по Втората светска војна, границите останаа какви што беа. Такви ќе останат и во иднина, напиша Деда на Фејсбук.

Тачи, пак, смета дека опозицискиот пратеник „нема да биде ниту актер во процесот на нормализација на односите со Србија“. иа/сп/11:40

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...