• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Дрецун: Вучиќ во Косово ќе понуди рамка за решавање на косовското прашање

Дрецун: Вучиќ во Косово ќе понуди рамка за решавање на косовското прашање

Белград, 5 септември 2018 (МИА) - Претсеателот на Одборот на Собранието на Србија за Косво Милован Дрецун, оцени дека претседателот на Србија Александар Вучиќ во посетата на Косово на 8 и 9 септември ќе каже како се одвива дијалогот со Албанците и ќе понуди рамки за решение на косовското прашање.

– Вероајтно ќе понуди рамка за решение како тој гледа на тоа, и треба да се сослуша мислењето на претставниците на српскиот народ кои ќе бидат таму, да се отвори дискусија за да знае како треба понатаму да се работи, изјави Дрецун за РТС.

Тој нагласи дека во Вашингтон постои иницијатива за постигнување договор меѓу Белргад и Приштина што е голем пресврт кој може Србија да го искористи.

– Ако овојпат не ја сфатиме историската шанса и не го сфатиме значење за постигнување договор со Албанците, ќе направиме историска грешка што ќе се одрази на иднината на српскиот народ и ќе не воведе во нови страдања, изјави Дрецун.

Тој додаде дека нема дилеми дека меѓу Албанците постојат несогласувања како да се продолжат преговорите. Дрецун смета дека во преговорите Белград – Приштина клучна улога ќе имаат САД.ир/зш/09:22

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...