Грчко државјанство за тројца рибари од Египет и Албанија кои спасија десетици граѓани во пожарите

Грчко државјанство за тројца рибари од Египет и Албанија кои спасија десетици граѓани во пожарите

Атина, 5 септември 2018 (МИА) - Со одлука на Алексис Ципрас тројца рибари, двајца од Египет и еден од Албанија кои над 20 години живеат во Грција и кои спасија десетици граѓани од пожарите во Атика во јули годинава, ќе добијат грчко државјанство.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, на средбата со Здружението на рибари од Неа Макри, грчкиот премиер им се заблагодари на сите за пожртвуваноста и за спасените животи.

- Рибарите од Неа Макри, локалното население и мигрантите, дадоа херојска битка за време на трагедијата, спасувајќи животи. Државата ја признава нивната самопожртвуваност. Им благодариме, напиша грчкиот премиер на Твитер и сподели видео од средбата со рибарите.

Претставници на здружението побараа од грчкиот премиер тројцата рибари –мигранти да добијат грчко државјанство, на што Ципрас одговори дека веќе дал наредба до министерот за внатрешни работи да го започне предвидениот процес за доделување државјанство.

- Сметаме дека беше наша обврска, како граѓани и како луѓе, бидејќи може утре ние да се најдеме во иста ситуација. Од пристаништето во Неа Макри имаше и тројца странци, двајца со потекло од Египет и еден од Албанија, кои самоиницијативно помогнаа. Дојдоа со нас, ги ставија во опасност нивните животи, влегоа во морето, пливајќи земаа деца и постари луѓе и спасија животи, без да имаат некаков интерес или пак некаква обврска да го сторат тоа, рече претставникот на Здружението на рибарите од Неа Макри пред Ципрас, потенцирајќи дека треба да добијат грчко државјанство.

- Овие луѓе, веќе ги сметаме за наши сограѓани, истакна грчкиот премиер, објаснувајќи дека е веќе побарано да започне процесот за тројцата рибари.

Во пожарите на 23 јули годинава, голем дел од граѓаните засолниште од огнените јазици најдоа на малите плажи, а беа спасени по морски пат од локалните рибари, од грчката крајбрежна служба и со чамци од грчката војска. ср/зш/12:19

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...