Србија го попишува имотот на српски фирми во поранешните ју-републики

Србија го попишува имотот на српски фирми во поранешните ју-републики

Белград, 5 септември 2018 (МИА)  – Српските власти ќе направат попис на имот на српски фирми во поранешните ју-републики за да може да им помогне на тие фирми во решавање на тоа прашање.

За таа цел, Републичката дирекција за имот повика денеска фирми и јавни установи, кои имале недвижен имот на територијата на поранешните југословенски републики да им достават податоци и документација за тој имот за да се формира единствен регистар за нивниот недвижен имот, јави Танјуг.

Изминатите децении судови во Хрватска одбиваа тужби по барања за фирми од Србија, повикувајќи се на тоа дека се преуранети и дека е потребен билатерален договор за разработување на Анекс Г.

Проценките се дека вредноста на имотот на Србија во Хрватска е околу 1,8 милијарди евра. ир/зш/13:03

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ