• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Израелски агенти детално го контролираат стадионот во Елбасан

Израелски агенти детално го контролираат стадионот во Елбасан

Тирана, 5 септември 2018 (МИА) - Агенти од израелските безбедносни структури веќе десеттина дена се во Елбасан и детално го контролираат секој дел на стадионот во Елбасан, како и секое лице кое влегува или излегува од него, пред фудбалскиот натпревар Албанија-Израел што ќе се одигра в петок.

- Секојдевни се средбите со главните албански безбедносни субјекти, со агенти од областа на безбедноста, тајните агенти, претставници на државната полиција и приватните агенции, објави тиранската телевизија Топ чанел.

Натпреварот Албанија - Израел, што ќе се одрига во петок во 20:45 часот е прв натпревар што ќе се игра без присуство на албанската полиција на стадион.

Околу 1.500 полициски службеници ќе бидат во целосна подготвеност распоредени околу стадионот „Елбасан арена“ каде ќе вршат и физичка контрола. За безбедноста надвор од стадионот ќе бидат ангажирани и припадници на специјалната полициска единица, како и агенти од агенцијата за безбедност, контраразузнавање и разузнавање, дел од нив веќе два месеца се во Елбасан.

- Во стадионот за време на натпреварот ќе бидат најмалку 300 припадници на приватната полиција или стрјуарди како што се нарекуваат. Нивниот број ќе зависи од продадените билети. До денеска се продадени околу две илјади, но интересот секојденвно расте. Билет за натпреварот се купува со лична карта, барање кое строго се почитува со цел да се знае идентитетот на секое лице кое ќе влезе во стадионот, наведува телевизијата.

Подрачјето околу стадионот ќе биде блокирано 24 часа пред натпреварот и така ќе биде се додека не заврши истиот а никој не ќе може да се приближи до стадионот без да има билет, што ќе се контролира од кордоните полицајци кои ќе бидат поставени на определена оддалеченост од стадионот.

И пред две години фудбалските репрезентации на двете земји натпреварот го одиграа во Елбасан иако беше предвидено истиот да биде на стадионот „Лоро Боличи“ во северниот град Скадар. Тоа беше одлучено по апсењето на албански и косовски џихадисти, по добиените инфромации од израелската тајна служба, Мосад, дека планирале терористички напад врз израелските фудбалери.

Токму поради тоа и овој натпревар, кој се игра во рамки на Лигата на нациите се смета од висок ризик, поради што се преземаат сите безбедносни мерки.

- Кон тоа и предуредувањето на американскиот Стејт департмент кој своите граѓани во Албанија ги предупредува да бидат многу внимателни доколку престојуваат во Елбасан, пред, за и по натпреварот иако како што стои во објавата нема специфични индикации или закани, констатира телевизијата Топ чанел. вт/ми/14:31

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...