Вучиќ: Приштина не сака да разговара ниту за едно суштинско прашање

Вучиќ: Приштина не сака да разговара ниту за едно суштинско прашање

Белград, 5 септември 2018 (МИА) - Гледам дека албанските официјални претставници од Косово не сакаат да зборуваат за Заедницата на српски општини, ниту за Северот, ниту за Газивода... Се чини дека тие не сакаат да зборуваат за ништо што е од суштинско значење, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, одговарајќи на прашањето на ТАНЈУГ за неговиот став за последните изјави на Хашим Тачи и Рамуш Харадинај.

- Србија нема време за губење и сака да разговара за сите теми што се важни за Србите и Албанците, истакна српскиот претседател.

Тој, исто така, наведе дека е време Белград и Приштина да преземат одговорност.

- Време е ние да решаваме за нашата судбина, а не некој друг да ни ја крои од страна, истакна Вучиќ.

Според него, „политичарите не се избираат за да им се додворуваат на гласачите, туку да ги решаваат најтешките проблеми на граѓаните“.

Од Приштина, два дена пред состанокот во Брисел меѓу Вучиќ и Тачи, со посредство на Федерика Могерини, доаѓаат најави дека нивните преставници нема да разговараат за кое било прашање кое има суштинско значење за нормализација на односите и за историскиот договор меѓу Србите и Албанците.

Наместо тоа, како што наведува Танјуг, тие нудат дискусија за „модалитетите за постигнување на конечен, правно обврзувачки договор“, без да објаснат што подразбираат под формулацијата „модалитети на постигнување на договор“. об/ми/14:49

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...