Бугарија: Жена и две деца застрелани во Самоков

Бугарија: Жена и две деца застрелани во Самоков

Самоков, 5 септември 2018 (МИА) - Една 33 жена, нејзиниот 12 годишен син и 15 годишен внук биле убиени денеска во бугарскиот град Самоков.

Убиецот, 52-годишен маж, побегнал од местото на настанот, а откако полицијата му се приближила, се самоубил.

Убиствата кои ја шокираа Бугарија биле извршени околу 13 часот и 45 минути, а се претпоставува дека мотивот е семејна расправија, јави новинската агенција БТА. цч/ми/17:33

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.