• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Косовското Собрание ја одложи седницата за именување преговарачки тим со Србија на неопределно

Косовското Собрание ја одложи седницата за именување преговарачки тим со Србија на неопределно

Приштина, 5 септември 2018 (МИА) – Косовскиот премиер Рамуш Харадинај им изјави доцна попладнево на новинарите во Собранието на Косово дека седницата за именување владин тим за преговори со Србија е одложена „за некој друг ден“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Харадинај не кажа кога точно ќе продолжи седницата, но порача дека „би било добро за владиниот тим за дијалогот со Белград да гласа и опозицијата“.

Вонредната седница, свикана на барање на премиерот, започна вчера претпладне и доживеа неколку неуспешни обиди за обезбедување кворум за изгласување на владиниот предлог за тим кој ќе учествува на преговорите со Србија во Брисел. иа/цч/18:24

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.