Советникот на Рама бара обединување на Албанија и Косово

Советникот на Рама бара обединување на Албанија и Косово

Тирана, 5 септември 2018 (МИА) - Познатиот албански аналитичар по потекло од Косово, Батон Хаџиу, кој е актуелен советник на премиерот Еди Рама, смета дека решение за Косово би било обединување со Албанија.

На средба со студенти и професори од Европскиот универзитет во Тирана, Хаџиу зборуваше за историската ситуација во која Косово е денес и за можниот договор со Србија.

- Се додека Србија отворено се изјаснува за нејзино обединување со Република Српска во Босна и Херцеговина, Косово нема зошто да ги крие ваквите амбиции. Ова е моментот, кога веќе е отворена дискусијата за коренција на границите, изјави Хаџиу, наведува албанскиот портал „Албеу“.

Порталот истакнува дека Хаџиу во Косово важи за храбра личност која артикулира и покренува жешки прашања, за кои многумина немаат храброст за тоа.

- Други го нарекуваат „предавник“ на националните интереси, но  храброста на Батон Хаџиу му дозволува да биде меѓу оние што ги артикулираат, па дури ги кажуваат причините и мотивот за договорот за „корекција на границите“ меѓу Косово и Србија, констатира порталот.

Хаџиу, отворено кажува дека не ја поддржува политиката што ЕУ ја води во  изминатите години, што, според него, го оставила Косово да вегетира  без иднина и со Србија, која има само корист од ЕУ.

- Европската унија ја фаворизира нестабилноста на Балканот. Од 2011 година, па натаму, Србија профитира  од „добрината“ на ЕУ во економски и политички поглед, додека Косово е во ситуација да не биде признато од пет членки на ЕУ, не е дел од УНЕСКО, Интерпол, како и други организации, посочи Хаџиу.

Тој ја критикува поделеноста на политичарите во Косово и во Албанија и додава дека во ваква ситуација биле и Есат Паша Топтани (трет премиер на албанската држава по прогласувањето на независноста) и кралот Ахмет Зогу, кога се зборувало за националното обединување. вт/ми/19:49

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...