• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Весели со закани за можно поништување на дозволата за Вучиќ за посета на Косово

Весели со закани за можно поништување на дозволата за Вучиќ за посета на Косово

Приштина, 6 септември 2018 (МИА) - Претседателот на косовскиот Парламент Кадри Весели изјави денеска дека Приштина издала дозвола за посета на српскиот претседател Александар Вучиќ, но дека таа одлука во случај на дестабиизација може да се промени.

– Ако одлучиме да не дојде, Вучиќ нема да влезе на Косово, изјави Весели. Тој се закани дека Вучиќ ако би дошол без довола, би поминал исто како и Марко Ѓуриќ, објави Косова прес.

– Нека се обиде без дозвола, знае како помина со тој другиот (Марко Ѓуриќ), изјави тој, пренесе Танјуг. Весели додаде дека и да дојде, Вучиќ нема што да бара на езерото Газивода.зш/09:46

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.