• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Словенија: Уапсени двајца припадници на паравоената војска

Словенија: Уапсени двајца припадници на паравоената војска

Љубљана, 6 септември 2018 (МИА) - Словенечката полиција уапси двајца мажи за кои се сомнева дека и припаѓаат на паравоена група, а откако на социјалните мрежи се појави снимка на групата, која се изјаснува за војска на Штаерска.

Полицијата потврди на Твитер дека по претрес на пет куќи во Марибор и околината, уапсила двајца мажи, но не прецизра дали се работи за членови на групата на Андреј Шишко.

Словенечкиот портал 24ур објави пред неколку дена дека поранешниот кандидат за претседател Шишко ја предводи т.н. „Штаерска гарда“, која ја формирал по прогласувањето на независност на источно словенечкиот регион минатата година.

Полицијата соопшти дека врз основа на снимката спроведува истрага. ир/зш/10:50

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...