Харадинај бара поддршка од сите земји во светот за зачленување на Косово во Интерпол

Харадинај бара поддршка од сите земји во светот за зачленување на Косово во Интерпол

Приштина, 6 септември 2018 (МИА) – Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, изјави дека е време Полицијата на Косово да стане дел од најголемите полициски организации, Интерпол и Европол и за таа цел ја побара поддршката од сите земји во светот, јави дописникот на МИА од Приштина.

- Доколку Косово се зачлени во Интерпол годинава, никој нема да изгуби ништо, освен меѓународниот криминал. Погрешно е од сите земји во светот ако не го помогнат Косово да стане дел од Интерпол, изјави Хардинај на одбележувањето на Денот на Полицијата на Косово.

Како што е најавено, за барањето на Косово за зачленување во Интерпол ќе се гласа на наредното Генерално собрание на организацијата, што ќе се одржи од 16-21 ноември во Дубаи во Обединетите Арапски Емирати. На претходното Генерално собрание, одржано во Пекинг во септември минатата година, Косово го повлече барањето за зачленување пред самото гласање, бидејќи ги немаше обезбедено потребните гласови. иа/13:17

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...