Судење: Градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ се изјасни како невин

Судење: Градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ се изјасни како невин

Загреб, 6 септември 2018 (МИА) - Градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ се изјасни како невин во судскиот спор против него што се води по обвинение за наводните злоупотреби при организирањето на успешниот референдум за зачувување на традиционалната дефиниција на бракот во 2013 година.

Бандиќ е обвинет дека предизвикал штета од околу 45.000 евра со тоа што одобрил бесплатно користење на пазарски штандови за собирање потписи за референдумот. Жељка Маркиќ, организаторка на референдумот, денеска сведочеше дека се сретнала со градоначалникот Бандиќ пред референдумот, но само на седум и пол минути. цч/16:30

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.