• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

Во Брисел продолжува дијалогот Белград - Приштина

Во Брисел продолжува дијалогот Белград - Приштина

Брисел, 7 септември 2018 (МИА) - Во Брисел денеска ќе се одржи нова рунда од дијалогот помеѓу Белград и Приштина, а портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчиќ, изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот претседател Хашим Тачи, со посредство на шефицата на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини, ќе продолжат да работат на сеопфатната нормализација на односите и постигнување правно обврзувачки договор.

- Утре, на највисоко ниво, продолжува работата која е веќе интензивирана во претходните недели и месеци, изјави вчера Коцијанчиќ.

Во пресрет на новата рунда на дијалогот, како што објави Танјуг, во Брисел посочуваат дека продолжува интензивната работа од таканаречената „втора фаза", но ЕУ како посредник не сака да шпекулира за можните резултати од состанокот, ниту за деталите од можното решение.

- Втората фаза започна пред една година. Дијалогот во оваа фаза е интензивиран меѓу претседателите и така ќе продолжи, изјави Коцијанчиќ.

Меѓу претставниците на странските медиуми постои зголемен интерес за средбата меѓу Вучиќ и Тачи, информира Танјуг.

Повеќе странски медиуми, поради честите реакции во Европа на можните решенија за „косовското прашање", очекуваат дека денешниот состанок може да донесе конкретни резултати.

Од Европската комисија, сепак најавија дека тоа е само еден од серијата состаноци на кои ќе се разгледуваат обидите за постигнување на компромисно решение. Комесарот за проширување Јоханес Хан кажа дека „не очекува договор во петок и оти за постигнување договор ќе требаат уште неколку месеци ".

- Би било корисно ако тоа би можело да се заврши, да речеме, до летото следната година, како би можеле да тргнеме со нови чекори, изјави Хан деновиве.

Дипломатски извори на Танјуг во Брисел рекле дека „сите страни" во дијалогот проценуваат оти договорот може да се постигне и на почетокот на следната година или во наредните шест месеци.

Во ЕУ пред овој круг на дијалогот, порачуваат дека Белград и Приштина треба да разгледаат „различни идеи" и да видат „што е можно, а што не е" како основа за можен компромис, на кој би се засновал правно обврзувачкиот договор за сеопфатна нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

Еврокомесарката Федерика Могерини деновиве изјави дека „постои реална шанса Вучиќ и Тачи да постигнат договор со кој ќе се решат сите отворени прашања меѓу Белград и Приштина".

- Треба да сториме се што можеме, заедно со нашите партнери во Европа, регионот и во меѓународната заедница, особено во Советот за безбедност на ОН, со цел да ги поддржиме овие преговори преку дијалог и во рамките на меѓународната заедница, заклучи Могерини. об/јт/07:46

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кина ќе ги проучува поларните области на Месечината

Кина има намера до 2030 да испрати апарат кој ќе г...

Казна за непристојните во градскиот превоз

Многумина, поготово момчињата имаат навика во авто...

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...