• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Дачиќ: Вучиќ во Брисел ќе разговара само со европски претставници

Дачиќ: Вучиќ во Брисел ќе разговара само со европски претставници

Белград, 7 септември 2018 (МИА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ во Брисел ќе разговара само со европските претставници, но не и со косовскиот претседател Хашим Тачи, јави РТС.

Информацијата на медиумот не ја потврди ниту негираше српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, туку само нагласи дека Вучиќ сигурно ќе разговара со високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини.

– За другите состаноци таму ќе се одлучува, изјави Дачиќ.

- Ние ќе учествуваме во дијалогот, ќе разговораме со Могерини..за некој да не каже дека Србија го опструира процесот, изјави Дачиќ. јт/зш/09:28

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ