Почна средбата Могерини-Тачи во Брисел

Почна средбата Могерини-Тачи во Брисел

Брисел, 7 септември 2018 (МИА) - Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини во Брисел се сретна со косовоскиот претседател Хашим Тачи, во рамките на дијалогот на највисоко ниво меѓу Белград и Приштина. 

Тачи пред состанокот изјави дека конечниот договор ќе биде со меѓусебно признавање на двете земји и оти нема да има поделба на Косово и преместување на жители.

- Влегуваме во нова фаза на дијалогот за постигнување конечен мировен договор со Србија. Тој процес ќе го означи напредокот за државата Косово, за Србија, за стабилноста во регионот, истакна Тачи. 

Тој додаде дека е свесен оти ќе има големи пречки и тешкотии но изрази надеж дека ќе има и напредок во процесот.

- Овој судир е неодржлив, мораме да напредуваме во евроатлантската иднина. Овој дијалог има европски дух, евроатлантски вредности и исто така ќе доведе до економски развој, нагласи Тачи. 

Тој повтори дека Косово ќе ја задржи својата мултиетничност, додавајќи дека заканите со војна и бегалци „се апсурдни“.

По средбата со Тачи, Могерини треба да има состанок и со претстедателот на Србија Александар Вучиќ а потоа е можна и трилатерална средба на Могерини, Вучиќ и Тачи. ви/јт/10:38

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ