• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Заврши средбата Вучиќ-Могерини, српскиот претседател се враќа во Белград

Заврши средбата Вучиќ-Могерини, српскиот претседател се враќа во Белград

Брисел, 7 септември 2018 (МИА) – Српскиот претседател Александар Вучиќ ја заврши средбата со шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини и се враќа во Белград, јави Танјуг.

Вучиќ си заминал од зградата каде што се наоѓа седиштето на европската служба за надворешни работи во Брисел и веднаш се упатил кон аеродром од каде ќе отпатува за Белград.

Состанокот на Вучиќ со Могерини траел повеќе од еден час.

Српскиот претседател до вечер нема да и се обраќа на јавноста, а се уште не донел ниту одлука дали ќе се откаже од посетата на Косово, поради, како што кажа директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија Марко Ѓуриќ,  „сите измами, закани и лаги на косовските Албанци“.

Приштинската делегација се уште е во седиштето на европската дипломатија. јт/13:31

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...

Најбогатиот фудбалер во светот игра за резервите на Лестер

Фудбалот е шанса за огромно мнозинство на човештво...